Скијањето и сноубордингот во Македонија се заснова на неколку скромни ски центри кои покрај нивната застарена инфраструктура нудат одлични услови за backcountry freeride скијање главно заради количините на квалитетен снег како и разновидноста на теренот и рељефните структури кои нудат адреналин за секое ниво на фрирајд скијач/бордер. Cat skiing е главно застапено на две локации во Македонија иако во помала мера на располагање се Караџица близу Скопје и Бистра-Маврово.
Шар Планина и Баба (Пелистер) се достапни на час и половина до два часа возење од аеродромот во главниот град Скопје или аеродромот во Охрид.